Општина Василево тампонира и насипува полски пат за полесен пристап до нивите
- Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, деновиве врши насипување и тампонирање на патот во месноста Трски во општинскиот центар.

Струмица, 19 февруари 2025 (МИА) - Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“, деновиве врши насипување и тампонирање на патот во месноста Трски во општинскиот центар.
Како што информираше денеска градоначалникот Славе Андонов, овој зафат е на барање на земјоделците кои имаат ниви во овој дел од полето.
-Се тампонирањето на земјоделскиот пат се решава горливиот проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Василево. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока продолжуваме понатаму. Ќе обезбедиме поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината и во други населени места, информираше градоначалникот Андонов.
Инаку, Општина Василево и во изминатите години има реализирани вакви и слични активности, најчесто во периодите пред стартот на обемните земјоделски активности и тоа не само во Василево, туку и во другите населени места кадешто имало потреба.рт/цр
Фото: Општина Василево