• вторник, 24 декември 2024

Општина Валандово утре ќе го прослави Денот на ослободувањето

Општина Валандово утре ќе го прослави Денот на ослободувањето
Валандово, 5 ноември 2021(МИА) - Со реализација на пригодна програма, утре Општина Валандово ќе го одбележи општинскиот празник 6 Ноември - Денот на ослободувањето на Валандово. Во рамки на програмата, денеска во валандовката гимназија беше организиран спортски ден, а во средата беше организирана крводарителска акција. Главната прослава утре ќе почне со отворање на валандовската „Ракијада“, која минатата година не се одржа поради пандемијата, по што ќе следува полагање цвеќе на споменикот на паднатите борци во паркот „Пеонија“ и отворање на изложбата на слики изработени на годинашнава ликовна колонија во Валандово. Инаку, на седница на Советот на општина Валандово беше донесена одлука највисокото општинско признание, наградата 6 Ноември да му припадне на клубот за мал фудбал „Проект“ од Валандово, кој годинава беше државен шампион и успешно ја претставуваше земјава и општината Валандово во европската лига на шампиони. им/цр

Остани поврзан