• вторник, 21 април 2026

Општина Битола со финансиска поддршка за децата од ранливи категории во спортски клубови

Општина Битола со финансиска поддршка за децата од ранливи категории во спортски клубови

Битола, 21 април 2026 (МИА) - Комисијата за спорт при Советот на Општина Битола донесе едногласна одлука за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории. 

Согласно јавниот повик, Општина Битола целосно ќе ја покрива членарината за децата од ранливи категории кои се дел од спортски клубови. 

-Со оваа мерка, Општина Битола го поттикнува активното учество во спорт, дава поддршка на семејствата на кои им е најпотребна и овозможува еднаков развој и здрави навики кај децата, истакна претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски. 

Од Општина Битола соопштија дека ќе продолжат со конкретни мерки за поддршка на младите и развој на спортот во Битола.мт/

Фото: МИА

Остани поврзан