• сабота, 23 ноември 2024

Општина Берово со парична поддршка за лица со попреченост до 26 години

Општина Берово со парична поддршка за лица со попреченост до 26 години

Берово, 9 октомври 2024 (МИА) - Општина Берово ќе додели еднократен паричен надоместок за семејствата на лица со попреченост до 26 години, соопшти денеска градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски.

- Се известуваат жителите на Општина Берово дека предвидена е мерка со која по 10.000,00 денари ќе добијат семејствата на лицата со попреченост , како еднократен паричен надоместок. Целта на оваа мерка е да се помогне  на овие семејства, да  можат да покријат дел од трошоците и да биде придонес во семејниот буџет, рече Пекевски.

Паричните средства за оваа мерка, како што додаде, се обезбедени од Буџетот на Општина Берово.

- Сите членови во општеството се важни а понекогаш, некому малку, навистина значи.
Грижата за сите во локалната заедница е важен фактор во севкупниот развој на истата, додаде Пекевски.

Активноста се реализира во рамки на Програмата за социјална заштита  за 2024 година на Општина Берово. вс/цр

Фото: Општина Берово

Остани поврзан