• вторник, 27 август 2024

Општина Аеродром ќе обезбедува топол оброк за социјално ранливи граѓани

Општина Аеродром ќе обезбедува топол оброк за социјално ранливи граѓани
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Општина Аеродром и детската градинка „Буба Мара“ на дневна основа ќе донираат пакети со топол оброк на социјално ранливи граѓани. За оваа цел, управата на градинката денеска потпиша меморандум за соработка со хуманитарната организација на скопската православна епархија при МПЦ-ОА „Свети Спас“. Од општинската прес-служба информираат дека храната ќе се пакува во пакети и ќе се дели на сите социјално ранливи граѓани кои имаат потреба од топол оброк, секој ден во периодот од 14:00 до 14:30 часот во црквата Св. Никола во паркот „Јане Сандански“. Градоначалникот на Општина Аеодром, Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески денеска извршија увид во почетокот на оваа хуманитарна акција. Тие го поздравија овој хуман гест, со кој освен што се помага на луѓето од социјално ранливите категории. Од Општина Аеродром посочуваат дека остануваат посветени на создавањето подобри услови за живот за секој еден граѓанин и ќе продолжи со хумани дела и во иднина.фф/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан