• недела, 24 ноември 2024

Општина Аеродром организира кампања за изработка на екомаски од електричен отпад

Општина Аеродром организира кампања за изработка на екомаски од електричен отпад
Скопје, 23 март 2021 (МИА) - Во соработка со „Нула отпад“ и Капитол мол, Општина Аеродром започна кампања за изработка на екомаски од електричен отпад „Е-капитолијада“. Во изборот за најдобра екомаска право на учество имаат сите деца од градинките и училиштата од општина Аеродром. - Учесниците имаат за задача да изработат индивидуална креативна маска во која ќе вклучат најмалку три стари и неисправни електронски и електрични уреди или стари и потрошени батерии, информира Општината. Фотографија од направената екомаска треба да се испрати во директна порака на фејсбук-профилот на Капитол мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 1 април 2021 година до 16 часот. Најдобрите три маски ќе добијат награди од „Нула отпад“. Првото место ќе освои „канон“ фотоапарат, за второто место е предвидено паметен часовник, а за трето место предвиден е гејмерски сет од слушалки, тастатура и глувче. За категоријата најлајкувана фотографија важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 3 април до 12 часот. Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 5 април во 12 часот. Од Општина Аеродром велат дека целта на оваа активност е подигнување на свеста за селекција и рециклирање на опасниот отпад, како и заштита на животната средина. ки/сп/

Остани поврзан