• среда, 25 декември 2024

Општина Аеродром објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори - маркети

Општина Аеродром објави јавен повик за онлајн достава од економски оператори - маркети
Скопје, 9 април 2020 (МИА) - Општина Аеродром објави јавен повик за онлајн работа и достава  на неопходни прехранбени продукти од економски оператори - маркети што работат на територијата на Општина Аеродром, како резултат на последните мерки на Владата поврзани со пандемијата со коронавирусот и воведениот полициски час. Заинтересираните пријавата можат да ја преземат од интернет-страницата на Општина Аеродром http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2403, која треба да се пополни и да се испрати најдоцна до петок 10 април до 12:00 часот на следнава електронска адреса: odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk. Од општината ги замолуваат економските оператори - маркети заедно со пријавата во прилог да им испратат и скенирана копија од ДРД-образец. - По приемот, добиените пријави од економските оператори ќе бидат разгледани и проследени до Полициска станица – Аеродром и дo Град Скопје, информираат од општина Аеродром. ир/сп/

Остани поврзан