• сабота, 23 ноември 2024

Општина Аеродром го донесе ДУП-от за Долно Лисиче

Општина Аеродром го донесе ДУП-от за Долно Лисиче

Скопје, 2 декември 2023

По долг период на изработка и добиено позитивно мислење од сите надлежни институции, Советот на Општина Аеродром на седницата што се одржа вчера го донесе деталниот урбанистички план што се однесува за поголемиот дел од населбата Лисиче што решава голем дел од комуналните и инфраструктурни проблеми на граѓаните од кои живеат во оваа населба и отвора можност за изградба на објекти од јавен интерес. 

Со усвојувањето на овој ДУП, Општина Аеродром е една од првите општини што носи детален урбанистички план за рурални средини кој предвидува можност за легализација и изградба на објекти за индивидуално домување (индивидуални куќи). Истиот е резултат на ангажманот на општинските служби и решеноста на раководството на општината да затвори еден од најважните проблеми на граѓаните. 

Со носењето на ДУП-от за овој дел од општината се отвора можност за легализација на веќе изградените објекти и изградба на легални објекти за индивидуално домување, како и регулирање на сопственоста на земјиштето, што пак е основ за забрзан инфраструктурен и економски развој на населеното место. Носењето на планот значи и планско градење, подобра инфраструктура и истиот отвора можност за изградба објекти од јавен интерес како детска градинка и спортска сала.

Освен носењето на деталниот урбанистички план, на иницијатива на Општина Аеродром, Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување за 50 проценти на комуналиите за индивидуални објекти во овој дел од општината.

Општина Аеродром

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Аеродром

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан