• понеделник, 23 декември 2024

Опожарен автомобил на јавен обвинител во Прилеп

Опожарен автомобил на јавен обвинител во Прилеп

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, информираат од Јавното обвинителство.

Веднаш по настанот извршен е увид на лице место, обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

- Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители го осудија ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност. аа/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан