• среда, 25 декември 2024

Операта „Рита“ во Центарот за култура во Куманово

Операта „Рита“ во Центарот за култура во Куманово

Куманово, 6 јуни 2024 (МИА) - Кумановци вечерва ќе имаат можност да ја проследат операта „Рита“, со почеток од 20 часот, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Македонската опера и балет гостува со операта  од италијанскиот оперски композитор Гаетано Доницети, диригент е Андреј Наунов, режија на Трајко Јордановски.

- На изненадување на кумановци и на огромно наше задоволство по седум години ни гостува македонска опера и балет со опера. Влезот е симболичен, цената се должи поддршката од министерството за култура. Станува збор за убав настан кој му недостигаше  на Куманово. Ги поканувам сите да ја проследат и да уживаат, изјави Александар Митрички од НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Во претставата играат Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков, Шинаси Рамадан, Никола Чедомировски. Од НУЦК велат дека и годинава ќе  реализираат настани на отворено.

- Како и секое лето и ова ќе биде плодно. Сега поради реконструкцијата на малиот плоштад ќе видиме кои настани ќе бидат пред платото, а кои во фоајето. Нека нè следат кумановци, навремено ќе бидат известени за точни датуми и време, кажа Митрички. ам/дма/

Фото: МИА и плакат НУЦК 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан