• петок, 08 ноември 2024

„Опен-АИ“: Сем Алтман, (неодамна отпуштен), се враќа на чело на компанијата

„Опен-АИ“: Сем Алтман, (неодамна отпуштен), се враќа на чело на компанијата

Лос Анџелес, 22 ноември 2023 (МИА) - Технолошката компанија „Опен-АИ“ денеска преку мрежата „Х“ соопшти дека Сем Алтман - нејзин соосновач, се враќа во нејзиното раководство, неколку дена по неговото разрешување.

Откако бордот на директори на компанијата што ја лансираше алатката со вештачка интелигенција „Чет-ГПТ“ пред пет дена објави дека Алтман е отпуштен, Грег Брокман, и вториот соосновач и прв во редот извршни директори на компанијата, го напушти „столчето“ во одборот.  Според наводите, Алтман се враќа во „Опен-АИ“ како извршен директор. Со промени во одборот предводен од Брет Тејлор, вклучувајќи ги Лери Самерс и Адам Д'Анџело.

Алтман помогна во лансирањето на „Опен-АИ“ како непрофитна истражувачка лабораторија во 2015 година со цел да се унапреди ВИ. Компанијата прерасна во една од најмоќните фирми за ВИ во светот, а во меѓувреме се раздели и со својот прв поддржувач Илон Маск поради несогласувањата за идните насоки.

Персоналот на „Опен-АИ“ отворено го изрази своето незадоволство од заминувањето на Алтман, бараше негово враќање и се закани дека ќе следат откази и префрлања во „Мајкрософт“ доколку основачот не биде вратен во раководството на компанијата.

„Мајкрософт“ веќе вложи милијарди долари во „Опен-АИ“ и ги поседува правата на технологијата на компанијата, па извршната директорка на технолошкиот конгломерат, Сатја Надела повика на коренити промени во „Опен-АИ“ откако одборот го отпушти извршниот директор Сем Алтман. „Мајкрософт“ завчера објави и дека ќе го ангажира Алтман и уште еден соосновач и поранешен претседател на компанијата, Грег Брокман, кој поднесе оставка како протест поради отпуштањето на Алтман.

Надела доцна синоќа на „Х“ напиша дека ги поздравуваат промените во одборот на директори во „Опен-АИ“ и веруваат дека тоа е патот до постабилно и поделотворно управување.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан