• понеделник, 23 декември 2024

ОПЕК ќе ја разгледува кандидатурата за нов генерален секретар

ОПЕК ќе ја разгледува кандидатурата за нов генерален секретар
Виена, 3 јануари 2022 (МИА) - Министрите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за кандидатурата за нов генерален секретар на Организацијата. Хајтам ал Гаис од Кувајт е единствениот кандидат за оваа функција и ужива широка поддршка од земјите-членки на ОПЕК. Актуелниот генерален секретар на ОПЕК, Нигериецот, Мохамед Беркиндо, се очекува да се повлече од функцијата кон крајот на јули, по неговиот втор тригодишен мандат. Баркиндо помогна да се преговара за договор со производителите кои не се членки на ОПЕК, како што е Русија, за намалување на производството на нафта со цел да се балансира пазарот. ОПЕК и неговите сојузници, попознати како ОПЕК плус на утрешниот состанок ќе разговараат за нивната нафтена политика. ми/

Остани поврзан