Опасност од истекување радиоактивни материи во Запорожје
- Постои опасност од истекување на радиоактивни материи во украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е заземена од руските сили, предупреди денеска украинскиот оператор Енергоатом.
Киев, 27 август 2022 (МИА) - Постои опасност од истекување на радиоактивни материи во украинската нуклеарна централа во Запорожје, која е заземена од руските сили, предупреди денеска украинскиот оператор Енергоатом.
Како што се наведува, руските војници „во текот на последниот ден неколку пати ја гранатирале“ локацијата каде што се наоѓа централата.
„Инфраструктурата на фабриката е оштетена, а постои ризик од истекување на водород и прскање на радиоактивни материи“, објави компанијата на Телеграм.
Се наведува и дека постои „висок ризик од пожар“.
Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје. паг/