• сабота, 23 ноември 2024

ОН ја поздравија израелската тактичка пауза за испораката на помош за Газа

ОН ја поздравија израелската тактичка пауза за испораката на помош за Газа

Њујорк, 17 јуни 2024 (МИА) - Обединетите нации денеска ја поздравија израелската најава за „тактичка пауза“ во борбите на одредени патишта во Газа и се надеваат дека тоа ќе ги поттикне израелските власти да ги отстранат сите препреки за испорака на помош на целата палестинска територија.

Заменик портпаролот на ОН, Фархан Хак, изјави денеска дека хуманитарните операции во Газа мора да бидат во целост олеснети и да се отстранат сите пречки.

„Треба да можеме безбедно да доставиме помош низ Газа“, рече Хак.

Израелската армија вчера објави „тактичка пауза“ во дневните борби долж патиштата што водат од Керем Шалом, главниот премин за стоки на југот на Израел, до автопатот север-југ во Газа.

Поздравувајќи ја најавата, Хак рече дека ОН и нивните партнери се подготвени да се погрижат клучната помош за спасување животи да стигне до оние на кои им е потребна ширум Газа, каде има катастрофален глад. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан