• вторник, 24 декември 2024

ОН предупреди дека обилните монсунски дождови во Пакистан ќе погодат 200.000 луѓе

ОН предупреди дека обилните монсунски дождови во Пакистан ќе погодат 200.000 луѓе

Исламабад, 13 јуни 2024 (МИА) - Се проценува дека околу 200.000 луѓе во Пакистан би можеле да бидат погодени од претстојната сезона на монсуните, која се очекува да донесе пообилни дождови од вообичаеното, предупреди денеска новоименуваниот хуманитарен координатор на ОН во Пакистан, Мохамад Јахја.

Тој посочи дека Обединетите нации со помош на локалните власти подготвиле итен план за кој се издвоени 40 милиони долари.

Сепак, најавено е дека дождовите нема да бидат толку силни како во 2022 година, кога во поплавите загинаа 1.739 луѓе, а два милиони куќи беа уништени. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан