• среда, 27 ноември 2024

ОН покренаа истрага за убиениот хуманитарен работник во Појасот Газа

ОН покренаа истрага за убиениот хуманитарен работник во Појасот Газа

Њујорк, 15 мај 2024 (МИА) - Обединетите нации покренаа истрага за нападот врз возилото на ОН што се случи во понеделникот во градот Рафа во јужна Газа, во кој беше убиен член на меѓународниот персонал, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. 

Убиениот работник, пензионираниот офицер на индиската армија, Ваџибхав Анил Кале, работел за одделот за безбедност на ОН и бил на пат кон Европската болница во Рафа со колега кога се случил нападот.

Во нападот е повреден и колегата на Кале. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан