• вторник, 24 декември 2024

ОН одобри да продолжи повлекувањето на африканските сили од Сомалија

ОН одобри да продолжи повлекувањето на африканските сили од Сомалија

Њујорк, 27 јуни 2023 (МИА) – Советот за безбедност на ОН го обнови за шест месеци одобрувањето за повлекување на силите на Африканска унија (АУ) од Сомалија, со што до крајот на септември треба да се повлечат уште 3.000 војници.

Во април 2022 година, СБ одобри замена на Африканската мисија во Сомалија, формирана во 2007 година, со Преодната африканска мисија во Сомалија (АТМИС), која исто така е предводена од АУ, но со зајакнат мандат да се бори против исламските екстремисти од Ал Шабаб, до крајот на 2024 година.

До крајот на 2024 година контингентот АТМИС, во кој има повеќе од 19.000 војници и полицајци, треба да се сведе на нула, а дотогаш постепено ги пренесува своите активности на сомалиските сили.

Во согласност со претходните резолуции на СБ, АТМИС пред неколку дена започна со повлекувањето на 2.000 војници, кое треба да се изврши до крајот на јуни.

Додека Сомалија повторно побара укинување на ембаргото за оружје. Во ноември минатата година СБ го обнови ембаргото за оружје за Сомалија, што е во сила од 1992 година. Ембаргото не се однесува на пратките на оружје наменети за развој на сомалиските безбедносни сили, но тие пратки сепак мора да се пријават до Комитетот за санкции на ОН, кој би можел да се спротивстави на тешкото оружје. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан