ОН: Најмалку 21 член на персоналот убиени во злонамерни напади во 2025 година
- Најмалку 21 член на персоналот на Обединетите нации беа намерно убиени при вршење на должноста минатата година - повеќе отколку во претходните две години заедно, објави вчера синдикалниот комитет на ОН.
Њујорк, 23 јануари 2026 (МИА) - Најмалку 21 член на персоналот на Обединетите нации беа намерно убиени при вршење на должноста минатата година - повеќе отколку во претходните две години заедно, објави вчера синдикалниот комитет на ОН.
Од нив, 12 беа мировници на ОН - персонал распореден за да помогне во одржувањето на мирот во многу делови од светот, соопшти комитетот. Другите работеа како цивили.
Бројот на 21 намерно убиен е повеќе од петтмина убиени во 2024 година и најмалку 11 во 2023 година, покажаа податоците.
Убиените во 2025 година се од Бангладеш, Судан и Јужен Судан, Јужна Африка, Уругвај, Тунис, Бугарија, Украина, Кенија, Замбија и палестинските територии.
Најголем број смртни случаи, вкупно шест, се случија во областа Абјеи на границата меѓу Судан и Јужен Судан, а по три имаше во Демократската Република Конго и во Централноафриканската Република.
Покрај тоа, според бројките, 119 члена на персоналот на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) беа убиени во војната во Газа минатата година иако тие не беа намерно цел. мс/јт/
фото: ДПА