• вторник, 24 декември 2024

ОН: Најмалку 20 центри за примарна здравствена заштита во Либан затворени поради израелските напади

ОН: Најмалку 20 центри за примарна здравствена заштита во Либан затворени поради израелските напади

Бејрут, 28 септември 2024 (МИА) - Најмалку 20 центри за примарна здравствена заштита во Либан се затворени поради израелска воздушна офанзива, соопштија Обединетите нации.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека во последната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, израелската армија погодила 25 водоводни објекти, што влијае на пристапот до чиста вода за речиси 300.000 луѓе во областите со висок ризик.

Повеќе од 211.000 луѓе се раселени, од кои 85.000 во засолништа на северот и на истокот на земјата. паг/

Фото: МИА архива


  


Остани поврзан