• вторник, 19 ноември 2024

ОН изразија загриженост за цивилите во Појасот Газа

ОН изразија загриженост за цивилите во Појасот Газа

Женева, 13 октомври (МИА) - Обединетите нации изразуваат длабока загриженост за сите цивили во Појасот Газа, откако Израел му нареди на целото население да го напушти северот, поради тековните воздушни напади и продлабочената хуманитарна криза.

Портпаролот на ОН Стефан Дијарик рече дека се очекува околу 1,1 милион луѓе да го напуштат северниот дел на Газа, додавајќи дека истата наредба се однесува на целиот персонал на ОН и на оние што се сместени во објектите на ОН, вклучувајќи училишта, здравствени центри и клиники.

Од ОН посочија дека двете главни болници на северот на Појасот Газа, индонезиската болница и Шифа, веќе го надминаа вкупниот капацитет од 760 кревети, а болниците на југот на Газа исто така се „пренатрупани“. ОН нагласија дека преместувањето на пациентите, како што се сериозно повредени возрасни, деца и доенчиња на интензивна нега, за нив ќе биде „смртна казна“.

ОН, исто така, ги повторија своите повици за итно ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас, како и заштита на цивилите и итен пристап до помошта до енклавата.

Советот за безбедност на ОН треба да се состане денеска во Њујорк зад затворени врати за да разговара за ситуацијата во Газа. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан