• сабота, 21 декември 2024

ОН: Израел почна кампања за изгладување во Газа

ОН: Израел почна кампања за изгладување во Газа

Женева, 7 март 2024 (МИА) - Специјалниот известувач на ОН за правото на храна, Мајкл Фахри денеска изјави дека Израел го уништува системот за исхрана во Газа како дел од пошироката „кампања за изгладување“ во војната против членовите на палестинската милитантна група Хамас.

Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, тој рече дека телото не прави доволно за да им помогне на цивилите во Појасот Газа.

„Сликите од изгладувањето во Газа се неподносливи и Вие не правите ништо. Израел започна кампања за изгладување против палестинскиот народ во Газа“, изјави Фахри.

Правниот советник во израелската мисија во ОН, Јела Цитрин, ги нарече обвиненијата на Фахри очигледна лага.

„Израел целосно ги отфрла наводите дека го користи изгладувањето ​​како оружје за војна“, рече таа, а потоа ја напушти просторијата во знак на протест. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан