• вторник, 24 декември 2024

ОН издвоија 100 милиони долари за справување со 10 хуманитарни кризи

ОН издвоија 100 милиони долари за справување со 10 хуманитарни кризи

Њујорк, 30 август 2024 (МИА) - Обединетите нации издвоија 100 милиони долари за да помогнат во справувањето со 10 недоволно финансирани хуманитарни кризи во Африка, Северна/Јужна Америка, Азија и Блискиот Исток.

„Повеќе од една третина од средствата се наменети за помош во Јемен (20 милиони долари) и во Етиопија (15 милиони долари), каде многу луѓе се принудени да ги напуштат своите домови и страдаат од глад, болести и природни катастрофи“, рече портпарол нa OН.

Други земји кои ќе добијат финансирање се Мјанмар (12 милиони долари), Мали (11 милиони долари), Буркина Фасо (10 милиони долари), Хаити (9 милиони долари), Камерун и Мозамбик (по 7 милиони долари), како и оние погодени од климата на Ел Нињо феномен - Бурунди и Малави, кои ќе добијат по 5, односно 4 милиони долари.

„Итно ни треба зголемено и одржливо внимание од донаторите за справување со овие кризи“, рече Џојс Мшуа од Агенцијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан