• сабота, 21 декември 2024

ОН избра поранешен министер од Гренада за нов шеф на Светската организација за климата

ОН избра поранешен министер од Гренада за нов шеф на Светската организација за климата
Њујорк, 15 август 2022 (МИА) - Поранешниот министер за климатска отпорност на Гренада, Сајмон Стил ќе биде новиот шеф на ОН за климата, објави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Стил ќе ја преземе функцијата извршен секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени на помалку од три месеци пред последниот круг преговори на средбата за климата КОП27, што ќе се одржи во Египет. Тој на оваа функција ќе ја замени мексиканската дипломатка Патриша Еспиноза. Пет години Стил беше министер за климатска отпорност и животна средина на Гренада, а претходно беше министер за образование и развој на човечки ресурси. Во соопштението, Обединетите нации го нарекоа Стил „вистински специјалист за создавање креативни пристапи за нашиот заеднички глобален одговор на климатската криза“. ссм/

Остани поврзан