• понеделник, 16 декември 2024

ОН за утре свика седница на Генералното собрание за руската инвазија на Украина

ОН за утре свика седница на Генералното собрание за руската инвазија на Украина
Њујорк, 27 февруари 2022 (МИА)  - Советот за безбедност на ОН за утре свика вонредна седница на Генералното собрание, на која ќе се разговара за руската инвазија врз Украина, додека западните сојузници ја засилуваат дипломатската кампања за изолација на Москва. Гласањето на 15-члениот совет денеска беше процедурално, така што Русија не можеше да стави вето. Одлуката за свикување седница на Генералното собрание беше донесена со 11 гласа „за“. Русија гласаше против, додека Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани. зш/

Остани поврзан