• сабота, 23 ноември 2024

ОН: Ел Нињо ќе трае до 2024 година, обилните врнежи ќе ја зафатат Јужна Америка

ОН: Ел Нињо ќе трае до 2024 година, обилните врнежи ќе ја зафатат Јужна Америка

Њујорк, 20 октомври 2023 (МИА) - Временскиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, според најновите проценки на ОН, со невообичаено поројни врнежи во Јужна Америка и ризици за земјоделството.

„Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, а затоплувањето е посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), во кој имале увид западни медиуми.

Проценките за првиот квартал од 2024 година покажуваат невообичаено големо количество врнежи во Перу и Еквадор и во Мексико, и истовремена континуирана суша во Бразил, Гвајана и Суринам, прогнозира ФАО.

Тековниот сушен период во Централна Америка, сепак, треба да трае само до крајот на годината, додаваат тие.

„Прогнозираните временски услови се најголемата закана за земјоделството, вклучувајќи ги земјоделските култури, сточарството, шумарството и рибарството, бидејќи може да апсорбира само 26 отсто од економските загуби за време на периоди на екстремни временски услови и 82 отсто за време на суши“, посочува ФАО.

Ел Нино и неговиот спротивен временски феномен Ла Нињо го намалија производството на клучните земјоделски култури во Јужна Америка, како што се пченицата, оризот и пченката.

Агенцијата на ОН објави дека усвоила план кој треба да мобилизира финансиски ресурси за ранливите заедници во неколку земји погодени од екстремни временски услови. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан