ОН: Еден милион Сиријци се вратија во земјата по падот на режимот на Асад
- Од падот на режимот на Башар ал Асад во декември минатата година, речиси еден милион сириски бегалци се вратија во својата татковина, соопшти денеска Обединетите нации, повикувајќи на зголемена меѓународна помош за Сирија со цел и другите раселени лица да се вратат дома.
Њујорк, 24 септември 2025 (МИА) - Од падот на режимот на Башар ал Асад во декември минатата година, речиси еден милион сириски бегалци се вратија во својата татковина, соопшти денеска Обединетите нации, повикувајќи на зголемена меѓународна помош за Сирија со цел и другите раселени лица да се вратат дома.
– „Во само девет месеци, милион Сиријци се вратија во својата земја по падот на Башар ал Асад на 8 декември 2024 година“, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Женева.
Комесаријатот ги повика земјите-членки да ја засилат поддршката со цел да запрат страдањата и раселувањата на милионите Сиријци кои беа принудени да ги напуштат своите домови во изминатите 14 години, и да помогнат во обновата на земјата. ссм/
фото: архива