• сабота, 23 ноември 2024

ОН го продолжи ембаргото за оружје против Јужен Судан

ОН го продолжи ембаргото за оружје против Јужен Судан

Њујорк, 31 мај 2024 (МИА) – Советот за безбедност на Обединети нации гласаше за продолжување на ембаргото за оружје против Јужен Судан и покрај апелите од Џуба, Африканска Унија и други земји, меѓу кои Русија и Кина, да се укине или намали рестриктивната мерка.

„За“ резолуцијата предложена од САД се изјаснија девет држави, шест – Русија, Кина, Мозамбик, Алжир, Сиера Леоне и Гвајана беа воздржани.

Резолуцијата, исто така, ги продолжува забраните за патување и замрзнувањето на имотот на лица од Јужен Судан, кои се под санкции на ОН до 31 мај 2025 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан