• понеделник, 23 декември 2024

ОН го назначија поранешниот британски дипломат Том Флечер за шеф на канцеларија за хуманитарни прашања

ОН го назначија поранешниот британски дипломат Том Флечер за шеф на канцеларија за хуманитарни прашања

Вашингтон, 9 октомври 2024 (МИА) - Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска го назначи поранешниот британски дипломат Том Флечер за нов шеф на канцеларијата за хуманитарни прашања во услови на продлабочување на хуманитарните кризи во Појасот Газа, Судан и на други места, каде главно има конфликти.

Флечер доаѓа на местото на Мартин Грифитс, кој се повлече од функцијата на крајот на јуни поради здравствени причини.

Поранешниот британски дипломат, беше британски амбасадор во Либан од 2011 до 2015 година и беше советник за надворешна политика и развој на тројца британски премиери од 2007 до 2011 година, соопшти ОН.

Флечер „има долгогодишно искуство во водење и трансформирање на организации и носи разбирање за дипломатијата на највисоко ниво“. зш/

 

Остани поврзан