ОН: Во Нигер и понатаму се доставува помош, и покрај тоа што нема контакт со војската
- Обединетите нации продолжуваат да доставуваат помош за Нигер, иако претставници на ОН во земјата изјавија дека не биле во контакт со претставници на претседателската гарда или војската по воениот преврат.

Њујорк, 28 јули 2023 (МИА) – Обединетите нации продолжуваат да доставуваат помош за Нигер, иако претставници на ОН во земјата изјавија дека не биле во контакт со претставници на претседателската гарда или војската по воениот преврат.
- Не сме во контакт со армијата. Што се однесува до претседателот Мохамед Базум, нашите информации од неговиот кабинет велат дека тој е добро и е во својот дом, изјавила високата функционерка на ОН во Нигер, Никол Кваси.
Таа додаде дека сите 1.600 вработени на ОН во Нигер се безбедни. јт/
Фото: Фејсбук