• сабота, 23 ноември 2024

ОН бара Хезболах да дозволи ненајавени патроли на мировните сили во Либан

ОН бара Хезболах да дозволи ненајавени патроли на мировните сили во Либан

Њујорк, 31 август 2023 (МИА) – Советот за безбедност на Обединети нации денеска усвои резолуција со која се бара од либанската армија и Хезболах да престанат да го блокираат движењето на мировните сили и да им ја гарантираат слободата на „најавените и ненајавените патроли“.

Либанските власти се залагаат за отстранување на таа одредба, воведена минатата година, која им овозможува на мировниците да патролираат без претходно да ја известат либанската армија.

Хасан Насрала, лидерот на екстремистичката организација и политичката партија Хезболах, на 28 август изјави дека одредбата е кршење на либанскиот суверенитет и дека САД сакаат мировниците на ОН „да бидат шпиони за Израелците“.

СБ на ОН го игнорираше барањето и со 13 гласа „за“, ниту еден против и два воздржани (Русија и Кина) гласаа да се засили текстот од минатата година и да се потврди дека врз основа на договорот меѓу ОН и Владата на Либан, мировните сили познати како УНИФИЛ „не е потребно претходно овластување за преземање на задачите за кои имаат мандат“.

Израел постојано го обвинува Хезболах, поддржан од Иран, дека ги попречува членовите на УНИФИЛ во извршувањето на нивниот мандат. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан