• вторник, 24 декември 2024

ОМД назначи прв свој претставник во Јужна Америка

ОМД назначи прв свој претставник во Јужна Америка

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Обединетата македонска дијаспора (ОМД) информира дека го проширила своето дејствување во Јужна Америка, со назначување на Елисабет Николофски за свој прв претставник во Бразил.

- Одборот на ОМД му се заблагодарува на нашиот долгогодишен член на Советодавниот одбор на ОМД, Питер Далас за неговите напори за да се прошири нашата организација во Јужна Америка. Ја имав честа ја запознаам Елисабет, а таа е посветена и страсна Македонка и голем трговец. Задоволни сме да го имаме нејзиното искуство во ОМД и со нетрпение очекувам да видам како нашата организација ќе расте во Бразил и низ цела Јужна Америка, рече претседавачот на ОМД, Арџи Н. Белио.

Елисабет Николофски потенцира оти цврсто верува дека треба да има посилни врски меѓу Македонците од Латинска Америка и другите Македонци во дијаспората.

- Како таква, постојано барам да се поврзам со нашите роднини каде било во светот, вели Николофски, која моментално посетува онлајн часови по македонски јазик на ОМД.

Далас, пак, посочува дека Јужна Америка е дом на десетици илјади луѓе со македонски корени, кои во голема мера се заборавени.

- Целта ми беше да допрам до нив, а со Елисабет мислам дека имаме позитивна иднина и се надевам дека наскоро ќе видам млад Македонец од Јужна Америка да учествува во студентската програма на ОМД, родум од Македонија, посочи Питер Далас.

Елисабет Николофски е прва генерација родена Бразилка со македонско потекло по нејзиниот татко, кој потекнува од Битола. Нејзината мајка е Бразилка.

Елисабет и нејзиниот сопруг Фабио Бечерт живеат во Куритиба, голем град во јужен Бразил. Тие имаат близнаци, Елена и Рафаел, кои имаат 10 години.

Елисабет студирала на Универзитетот Санта Круз, а потоа магистрирала бизнис администрација на Федералниот универзитет.

По завршувањето на своето образование, таа се вработува во Банко де Бразил. Во моментов, таа е вработена како извршен директор во Sicredi Credenoreg, најголемата кредитна унија во Бразил.

- Елисабет секогаш имала жестока поврзаност со нејзините македонски корени и патува во Републиката колку што може почесто. Елисабет е толку посветена на нејзиното македонско наследство што дури поднела барање за македонско државјанство, велат од ОМД.

 Доколку некој е заинтересиран да се поврзе со Елисабет, тоа може да го стори на info@umdiaspora.org. ир/сп/

Фото: МИА

 
 

Остани поврзан