• петок, 05 декември 2025

Олимписката шампионка во скок со стап Кенеди го пропушта СП

Олимписката шампионка во скок со стап Кенеди го пропушта СП

 

Сиднеј, 5 септември 2025 (МИА) – Олимписката и светска шампионка во скок со стап Нина Кенеди нема да се натпреварува на Светското првенство (СП0 во атлетика кое идната недела започнува во Токио, објави денеска Австралиската атлетска федерација.

Дваесетиосумгодишната Кенеди ќе го пропушти СП поради повреда на ногата. Во април, австралиската атлетичарка беше подложена на операција на колкот по три истегнувања во рок од шест недели, а сега новата повреда значи дека ќе го пропушти завршниот турнир кој започнува на 13 септември.

„Иако сум разочарана, горда сум на себе што се обидов да се вратам и да се ставам во најдобра позиција за Светското првенство. Искрено можам да кажам дека направив сè што можев, дадов сè од себе и тоа е само по себе е успех. Спортот може да биде брутален, но повредите се само дел од патувањето и тоа е во ред“, порача Кенеди.

Кенеди прескокна 4,90 метри за да ја освои светската титула во Будимпешта во 2023 година, а со истата височина го освои и олимпиското злато во Париз минатата година. Нејзиниот личен рекорд е 4,91 метри.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан