Оливер Бакрески избран за декан на Филозофскиот факултет на УКИМ
- Проф. д-р Оливер Бакрески, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир, денеска е избран за декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - Проф. д-р Оливер Бакрески, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир, денеска е избран за декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
На тајното гласање тој добил повеќе гласови од двајцата противкандидати - професорите Никола Минов и Зоран Киткањ.
Бакрески на позицијата декан на Филозофскиот факултет на УКИМ доаѓа на местото на досегашниот декан, проф. д-р Ратко Дуев. хс/нд/
Фото: Филозофски факултет-Скопје