ОЛАФ откри милиони антиковид неисправни производи
- Милиони фалсификувани или неисправни здравствени производи се пронајдени во Европска Унија од почетокот на пандемијата со Ковид-19

Брисел, 11 јуни 2021 (МИА) - Милиони фалсификувани или неисправни здравствени производи се пронајдени во Европска Унија од почетокот на пандемијата со Ковид-19.
- Агенцијата за борба против измами на ЕУ (ОЛАФ) пронајде околу 52 милиони неисправни гелови за раце, заштитни маски и тестови, се наведува во годишниот извештај на институцијата.
ОЛАФ истакнува дека идентификувани се 1.150 осомничени трговци со фалсификувани производи или производи со грешка.
- Од март минатата година, се соочуваме со се поголем број на фалсификувани, неквалитетни и небезбедни производи, на што реагираше ОЛАФ, изјави генералниот директор на Агенцијата, Виле Итал.
Тој додаде дека таквите производи најчесто доаѓале од трети земји. ми/