Околу 50 полицајци повредени за време на нередите пред натпревар во Франкфурт
- Околу 50 полицајци се повредени како последица на нередите што се случија во Франкфурт на Мајна пред натпреварот меѓу Ајнтрахт и Штутгарт во 12. коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“.

Франкфурт, 26 ноември 2023 (МИА) - Околу 50 полицајци се повредени како последица на нередите што се случија во Франкфурт на Мајна пред натпреварот меѓу Ајнтрахт и Штутгарт во 12. коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“.
На четворица полицајци им била укажана лекарска помош во болница. Покрај тоа има повредени и редари и навивачи.
Судирите меѓу навивачите на Ајнтрахт и органите на редот започнаа на влезот на стадионот. Кон полицијата биле фрлени огномети и шишиња.
Натпреварот се одигра вчеравечер и заврши со победа на Штутгарт со 2:1. зс/
Фото: ЕПА