Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
- Околу 50 лица се повредени денеска во судир на два трамваи во тунелот на станицата во Стразбур Бас-Рин, соопштија полициски извори за локалните медиуми.

Стразбур, 11 јануари 2025 (МИА) – Околу 50 лица се повредени денеска во судир на два трамваи во тунелот на станицата во Стразбур Бас-Рин, соопштија полициски извори за локалните медиуми.
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Според првичните информации, машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со трамвај што не се движел. јт/
Фото: Х