• вторник, 24 декември 2024

Околу 400 лица уапсени на вториот ден од антивоените демонстрации во 17 руски градови

Околу 400 лица уапсени на вториот ден од антивоените демонстрации во 17 руски градови
Москва, 25 февруари 2022 (МИА) - Околу 400 лица веќерва се уапсени за време на повторените антивладини демонстрации во Русија против инвазијата врз Украина, наведуваат активистите за граѓански права, јави ДПА. Порталот за граѓански права ОВД-Инфо до вечерва регистрираше протести во 17 руски градови. Фотографиите и видеата главно од Санкт Петербург објавени на социјалната мрежа Телеграм покажуваат дека полицајците користат насилство за да ги потиснат протестите. Многу Руси чувствуваат блиска врска со Украинците, често поради семејни врски, и не се срамат да ги покажат своите чувства. Денешните демонстрации првично беа многу помали од оние во четвртокот, кога беа уапсени над 1.700 луѓе во повеќе од 40 градови. Руските власти претходно издадоа итно предупредување против протести и се заканија со апсења. Руските власти постојано забрануваат собири, наведувајќи ја како причина и  пандемијата. сд/

Остани поврзан