• понеделник, 23 декември 2024

Околу 400 Американци и нивните семејства ја напуштија Газа

Околу 400 Американци и нивните семејства ја напуштија Газа

Вашингтон, 7 ноември 2023 (МИА) - Американските власти денеска соопштија дека им помогнале на 400 Американци и нивните семејства да го напуштат Појасот Газа, кој е бомбардиран од израелските сили по нападот на Хамас на 7 октомври, преку единствениот отворен премин Рафа кон Египет.

„Помогнавме на повеќе од 400 американски граѓани, постојани жители и други лица кои ги исполнуваат условите да ја напуштат Газа“, рече портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.

Не е наведен бројот на Американците кои се уште се во Газа и сакаат да заминат.

„Ќе продолжиме да работиме додека секој Американец што сака да замине не може да го стори тоа“, рече во неделата советникот за национална безбедност Џонатан Фајнер.

На почетокот на ноември, групи Палестинци и Американци со двојно државјанство започнаа правна постапка против Стејт департментот барајќи евакуација на американските граѓани од Газа. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан