Околу 30 ракети го погодија Степанакерт
- Во главниот град на Нагорно-Карабах синоќа се слушнаа експлозии предизвикани од околу 30 ракети, а ерменските власти за нападот ја обвинија армијата на Азербејџан

Степанакерт, 8 октомври 2020 (МИА) - Во главниот град на Нагорно-Карабах синоќа се слушнаа експлозии предизвикани од околу 30 ракети, а ерменските власти за нападот ја обвинија армијата на Азербејџан.
Во нападите делумно е оштетена инфраструктурата, така што голем број делови од градот се без електрична енергија.
Судиритево Нагорно-Карабах траат веќе 11 ден. ми/