• понеделник, 23 декември 2024

Околу 30 илегални мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена починала

Околу 30 илегални мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена починала

Прага, 3 септември 2024 (МИА) - Чешката полиција синоќа откри околу 30 мигранти во задниот дел од камион во близина на Прага. И покрај обидите за реанимација, една жена починала, соопшти итната служба на платформата Икс.

Многумина од мигрантите биле во лоша здравствена состојба, но не им била потребна хоспитализација, соопшти службата.

Камионот со странски регистарски таблички бил запрен околу 30 километри северно од Прага, на автопатот D8 што води кон источната германска покраина Саксонија, соопшти полицијата.

Властите претпоставуваат дека мигрантите само поминувале низ Чешка на пат кон Западна Европа. Полицијата не ја објави националноста на мигрантите.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи во Прага, минатата година во Чешка биле приведени 13.898 лица без валидни документи за престој. Ова е речиси двојно помалку во споредба со 2022 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан