• понеделник, 16 декември 2024

Околу 250.000 Израелци ги напуштија домови поради војната во Појасот Газа и борбите долж границата со Либан

Околу 250.000 Израелци ги напуштија домови поради војната во Појасот Газа и борбите долж границата со Либан

Ерусалим, 26 октомври 2023 (МИА) – Околу 250.000 Израелци ги напуштија своите домови поради војната во Појасот Газа помеѓу Израел и Хамас и борбите долж границата со Либан, изјави портпаролката на израелското Министерство за одбрана.

Околу 126.000 луѓе се преместени во побезбедни области како дел од програмата за евакуација. Околу 250.000 луѓе доброволно ги напуштија своите домови за да избегаат од борбите.

- Израелските власти препорачаа евакуација на населението од областите долж границите со Појасот Газа и Либан да остане во сила до крајот на годината, потврди портпаролката.

Израелската телевизија забележа дека таквата одлука ќе претставува огромен финансиски товар за државата. Останатите министерства се против евакуацијата на населението и го оценија избрзан потег.

Населението на Израел е нешто помалку од 10 милиони луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан