Оклахома го победи Денвер во дербито на вечерта во НБА-лигата
- Оклахома сити го победи Денвер нагетс со 129:126 во дербито на вечерта на НБА-лигата.
Оклахома, 10 март 2026 (МИА) - Оклахома сити го победи Денвер нагетс со 129:126 во дербито на вечерта на НБА-лигата.
Предводник до победата на Оклахома беше Шеј Гилџус-Александар со 35 поени и 15 асистенции.
За Оклахома ова беше шеста победа по ред. Тимот останува лидер во Западната конференција со 51 победа и 15 порази.
Денвер нагетс има биланс 39-26 и е на шестото место.
На другите натпревари од најсилната кошаркарска лига на светот одиграни ноќта понеделник кон вторник постиганти се следниве резултати:
Кливленд – Филаделфија 115:101
Бруклин – мемфис 126:115
Јута – Голден Стејт 119:116
Лос Анџелес клиперс – Њујорк 126:118. зс/
Фото: ЕПА