ОИ: Кинеската атлетичарка Јан златна во брзо одење на 20 км
- Кинеската атлетичарка Џиа Јан денеска го освои златниот медал во брзо одење на 20 километри на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Париз, 1 август 2024 (МИА) – Кинеската атлетичарка Џиа Јан денеска го освои златниот медал во брзо одење на 20 километри на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Јан победи со време од еден час, 25 минути и 54 секунди.
Шпанката Марија Перез освои среброто со заостанување од 0,25 секунди.
Место на победничкиот пиедестал имаше и за Австралијката Џема Монтаг која ја освои бронзата со заостанување од 0,31 секунди зад новата олимписка шампионка од Кина. ег ФОТО: Фејсбук