• сабота, 23 ноември 2024

ОИ: Кина со двоцифрена предност пред САД во поредокот на освоени златни медали

ОИ: Кина со двоцифрена предност пред САД во поредокот на освоени златни медали
Токио, 3 август 2021 (МИА) – За прв пат од почетокот на Олимписките игри во Токио, лидерот во пласманот според освоени златни медали, Кина, има двоцифрена предност пред второпласираните САД. Кинеските спортисти до овој момент на својата земја и донесоа 32 златни медали, додека Американците освоија 22. Следуваат: Јапонија со 18, Австралија со 14, Велика Британија има 13, Русија 12. Вкупно до денес на пладне 57 држави освоија барем по едно најсјајно одличје на Олимписките игри. Кина и САД со по 68 медали се лидери и по вкупниот број освоени места на победничкиот подиум (злато, сребро, бронза). зс/

Остани поврзан