• среда, 25 декември 2024

ОИ: Американската гимнастичарка Бејлс се повлече од уште две финални дисциплини

ОИ: Американската гимнастичарка Бејлс се повлече од уште две финални дисциплини
Токио, 31 јули 2021 (МИА) - По консултации со својот лекарски тим, најдобрата гимнастичарка во светот, Американката Симон Бејлс, се откажа од настап во финалните натпревари во прескок и коњ со рачки, кои утре се на програмата на Игрите во Токио. Засега останува потврдата за нејзин настап во натпреварите во поединечна конкуренција на греда и партер. Американската гимнастичарка неделава ја шокираше спорската јавност, откако се откажа од настап во екипна конкуренција по лошо изведената прва вежба, а потоа се повлече и од настапот во повеќебој, во кое требаше да ја брани олимписката титула. - Лекарскиот им ќе продолжи секојдневно да ја оценува нејзината состојба за да донесе одлука дали ќе настапи во финалето на партер и финалето на греда, соопшти американскиот тим. ег/ми/  

Тагови

Остани поврзан