• среда, 27 ноември 2024

ОИ: Австралиски хокеар уапсен за поседување кокаин

ОИ: Австралиски хокеар уапсен за поседување кокаин


Париз, 7 август 2024 (МИА) – Член на австралиската машка репрезентација во хокеј на трева е уапсен во Париз и е во притвор поради поседување кокаин, соопшти денеска Австралискиот олимписки комитет (АОК).
Против спортистот, чиј идентитет не е објавен, не е поднесена кривична пријава.
„АОК продолжува да го истражува овој случај и дава поддршка на својот член“, соопшти АОК.
Според француските медиуми, Австралиецот бил уапсен додека купувал кокаин во вторникот.
Австралија во неделата го заврши натпреварувањето на машки олимписки турнир во хокеј на трева со пораз од Холандија во четвртфиналето. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан