• вторник, 24 декември 2024

Од 11 мај САД го укинува барањето за вакцинација против Ковид-19 за странските патници

Од 11 мај САД го укинува барањето за вакцинација против Ковид-19 за странските патници

Вашингтон, 2 мај 2023 (МИА) - Белата куќа објави дека од патниците повеќе нема да се бара да бидат вакцинирани против Ковид-19 за да влезат во САД.

На 11 мај, кога ќе заврши вонредната состојба поврзана со коронавирусот во САД, барањето за вакцинација против Ковид-19 ќе биде отфрлено за луѓето кои патуваат со меѓународни летови и за федералните вработени, соопшти Белата куќа.

Во февруари, Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на барањето повеќето странски патници да бидат вакцинирани против Ковид-19, едно од ретките ограничувања за патување поврзани со пандемијата што се уште постои.

Во јуни минатата година, администрацијата на Бајден го отфрли барањето луѓето што пристигнуваат во САД со авион да бидат негативни на тестот за Ковид, но ги задржа барањата на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да се вакцинираат повеќето странски патници.

Одделот за внатрешна безбедност, исто така, вчера соопшти дека почнувајќи од 12 мај повеќе нема да бара од патниците кои не се државјани на САД и кои влегуваат во земјата преку копнени контролни пунктови или на фериботи да се вакцинираат против Ковид и да обезбедат доказ за вакцинација. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан