• сабота, 23 ноември 2024

Од 1 март поевтино зонско паркирање во Скопје

Од 1 март поевтино зонско паркирање во Скопје
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Град Скопје соопшти дека на денешната седница советниците изгласаа одлука за намалување на цените во зоните на паркирање во градот. - Советниците на денешната 5-та седница ја разгледаа информацијата за состојбите во ЈП Градски паркинг Скопје, и дадоа согласност на Одлуката за измени и дополнување на ценовникот на услугите што ги извршува ова претпријатие. На седница на Управниот одбор на претпријатието претходно беше донесена одлука за намалување на  цените во зоните на паркирање во градот, што денеска беше изгласана од советниците на Град Скопје. Со оваа Одлука за измена на Ценовникот на услуги на јавното претпријатие Градски паркинг, намалувањето се однесува на паркирање за еден час во зоните и тоа зона А0 паркирањето од 100 денари, се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари, се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 се намалува на 30 денари, во зона Ц и Д, се намалува на 25 денари, стои во соопштението. Одлуката за намалување на цената на паркирањето во Скопје ќе се применува од 01 март 2022 година. сх/сп/ 

Остани поврзан