• вторник, 24 декември 2024

Од утре повторно во функција сообраќајниот влез во Битола од Ресен

Од утре повторно во функција сообраќајниот влез во Битола од Ресен

Битола, 29 мај 2022 (МИА) - Општина Битола вечерва информира дека заврши асфалтирањето на улицата „Довлеџик“ со што повторно во употреба ќе биде западниот сообраќаен влез во градот од Ресен.

Викендов во Битола се асфалтираше улицата „Довлеџик“ на потегот од крстосницата со улицата „Големо Езеро“ до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде пуштена за сообраќај утре со што завршува обврската за влез во градот по обиколницата од страната на Прилеп.

Со комплетната дореализација на проектните активности предвидени за овој дел на градот кои опфаќаат и реконструкција на мостот, Битола ќе добие нов современ булеварски влез од страната на Охрид, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Битола.мт/са/

Остани поврзан