• вторник, 17 декември 2024

Од Украина денеска евакуирани речиси 30.000 луѓе

Од Украина денеска евакуирани речиси 30.000 луѓе
Киев, 15 март 2022 (МИА) - Речиси 30.000 луѓе се евакуирани денеска преку хуманитарни коридори од украинските градови, а повеќето, околу 20.000, успеаја да го напуштат опколеното пристаниште Мариупол, изјави висок украински функционер. Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко објави дека околу 20.000 луѓе го напуштиле Мариупол во 4.000 автомобили. Хуманитарниот коридор низ кој минуваа овие колони возила ги поврзува Мариупол и Запорожје, на северозапад, преку Бердјанск, долг 270 километри. паг/    

Остани поврзан